#Милина Instagram Photos & Videos

Милина - 1.7k posts

Hashtag Popularity

4.5
average comments
201.7
average likes

Latest #Милина Posts

  • ГНЕЗДО

Се качувам по скалите
Сивиот бетон ми ги гали стапалата
Мазно се лизгам кон висините
Таму ме чекаш
Таму се твоите раце крилати

Твојата дланка ја спушта кваката
Се подава лицето твое
Ме озаруваш
Ми надоаѓа сила во рацете
Ги подавам кон лицето твое

Допирот ме прави неземска
Ме одлепува од тлото и ме вклештува во твоето срцево гнездо
Ме издвојува од бучавата на гласови во умот

Ми носи мир гласот твој
И велиш
'Влези Дете'

А молчиш
Говорат само очите твои
Рожницата ми се лепи за твојата
И те следам 
Ме поземаш и носиш кон гнездото натопено со тебе
Ме облева топлина во домот Гнездо
Двојно се счучурувам во сето она што си Ти

Ги дофаќам фотографиите од тебе како дете
Ми велиш
'Бев сакано дете'
Како дете ја препозна таа огромна сила од љубов во мене
Природно ја зеде

Ги гледам детските очи
Истиот поглед твој во обвивка од невиност
Се буди чедноста во мене
Онаа што ја снемува штом ти го осетам здивот, топлината на вгнездената љубов во телото твое

Ги допирам книгите
Нивната мовеста површина ми минува низ сетилата
Ме понесува мирисот на хартија
Речиси го слушам појот на буквите кои полека добиваат облик на зборови

Земам една книга
Онаа низ која минале прстите твои
Нежно, суптилно, моќно

Се спуштам на леглото полно гранчиња мекост
Ме следиш со поглед
Доаѓаш до мене
Ми го допираш рамото
Го вртам другото кон тебе

Шепнеш
Би те држел в прегратка до снеможување

Омалувам под кондоровата крилатост на гласот твој Раширена во бескрајот - оној вгнезден во сето посетоење наше

Ме преплавуваш со свест дека нашево крај нема
А не знам ни каде му беше почетокот

Можеби тогаш
Кога те згогледав под накосените зраци од Запад
Изусти зборови
Можеби дел од истите што се во книгата в раце 
И веднаш осетив 
Како дете во градите ми се сви
И тогаш уште од утробата гласот мој го чув 
Гнездото го свивме
И' го подадовме на вечноста
Таму остануваме 
Таму ќе битисуваме
Таму ќе сме едно засекогаш.
.
#Милина

  •  1  0  13 November, 2019
  • ДАЛЕЧИНА

Сега знам дека никогаш повеќе нема да те сретнам

Дури и да го видам некогаш лицето твое
Тие бори не ќе се мои
Длапките под прозорците на срцето не се излабиле од мене
Срцето не биело за мене
Ноќите не те дочекувале со мислата за мене
Утрата не те галеле со прстите мои провнати низ тивката најава на новиот ден

Дури и да сум ти била тука 
Тоа била само мислата за мене
Сум била само
Јас низ превезот на минатото
Јас низ твоето сито од желби
Јас обликувана од твојата потреба за љубов
Јас изцртана од твојата префинета жед да ја убиеш самотијата

А сепак, тоа не сум јас 
Онаа што се дави во копнеж
Онаа што чмае во болка
Онаа што секој миг чеднее по допирот твој
Да ме озари и освежи
Да ме врати себеси на она што сум

Те чувствувам сè подалеку
Како да се губиш во некаде каде душава повеќе не ми догледува
А не ми се испушташ
Ова бавно губење на мојата верба дека ќе останам вечно во тебе боли повеќе од ова проклетство од самотија

Те замислувам 
Во прегратка нечија недоволна да ја обгрне твојата ширина
Пресликан во очи нечии во потрага по длабочина недоволна да го видиш одразот свој

Го гледам
Телото твое фино извајано врз нечии контури кои не им пасуваат на твоите
Само ја покриваш со потреба да си ја згрееш душата
И' ја обвиткуваш кожата со твојата а низ неа струјат твоите бранови душевни
И тежнееш кон соединение со тоа тело туѓо
И се даваш сиот за да бидеш цел
Го истураш во нејзе напливот од љубовна сила 
Тежнеете кон едно
Како да така лесно се обликувала еднината со срж една

Како да не сфати дека нашето не ќе се повтори
Како да не сфати дека повеќе од љубов зад нова љубов попусто бараш

Нашето соединение 
Еднаш ни беше дадено да го живееме
Еднаш и сега знам - никогаш повеќе

Иако чувствувам дека времето ми те зема
Токму она што еднаш ми те даде за да се осознаам преку тебе
И сè посилно да знам
Дека ваква љубов повеќе никогаш не ќе осетам.

  •  4  0  13 November, 2019
  • ВО НАШИОТ БАР

Седам на нашето место
Од десната страна шанк дрвен, врз него лушпи од кикирики
Од мојата лева - прозорец низ кој те очекувам да ми се појавиш
Пред мене белкаста возушна маса се извива нагоре
Се подава од кафето и ми ги полни ноздрите

Наидуваш
Листовите исправени, затегнати 
Рамениците исправени, раширени 
Лицето преполно светлина, плениш
Колковите разнишани како лулашка 
Телово грозничаво од копнеж да ме стоплиш

Ти го следам чекорот забрзан и искрен
Мојот поглед лизга по тебе
А толку сакам да лизгаат прстиве низ тебе
Токму сега кога ми наидуваш

Седнуваш брзо наспроти мене
Го зариваш погледот во градиве
Како да сакаш да ми ги погалиш под ритамот што ја губи рамномерноста пред твојата појава

Ми ги земаш дланките
Тивката музика станува наша 
Ни ги полни аурите
Нè разнежнува
Ни ја дораспламтува страста
Нè жари како бавен топол пламен по кожата

Го чувствувам мирисот во барот
Се меша со твојот горчлив здив на кафе
Со погледот во кој читам повик да те однесам онаму каде ќе ми се предадеш сосем

Те љубам, ти велам,
Твој сум повеќе одошто можеш да замислиш

Ти се замаглува погледот
Те стопувам под дланкиве
Стисокот само говори

Зарем било можно олку моќно да те посакам
Како да без тебе никогаш претходно живо не било
Како да сушата однела сè што постоеше пред тебе
Та никнав под твојата суштина
Животот ти го ветив 
Но не низ времето
Не низ просторот

Оти времето за мене си ти
Она што отчукува и не заминува
Оти просторот за мене си ти
Оној што стапките твои го обележуваат

Еднаш
На нашето место
Ти се ветив во вечноста
Онаа што ја живеам и денес низ мирисот на нашиот бар
Во тоа блажено место кога те имав

А чинам дека никогаш оттаму не замина
И затоа те имам и сега

Сега - кога засекогаш те немам.

  • РАЗМИНУВАЊЕ

Се разминавме ли
Само оти бев кусо во твоето време?

А кусо ли беше само оти вечноста со тебе ја посакував

А ја живеев
Секој миг кога ќе те здогледав
Ја живеев 
Секој здив што ќе ти го почувствував

Ако вечноста е заробена во мигот
Зошто сум заробена во недостигот од тебе

Се разијдовме ли само оти сега те немам
Иако душава полна ми е од благословот што те имав
Иако не те дишам до себе - толку дишеш во мене
Обоени ми се градиве со кожата твоја
Покриена ми е кожава со копнежот твој
Здивот ми е обликуван со зборовите твои

И повторно ми наидува сомнежот
Се разијдоа ли нашите времиња, нашите животи
И што е разијдувањето ако не ми излегуваш од животов на земјава даден
Ако мислата што минува низ ќелииве меки со тебе е преполна
Ако телово ми е врзано за мирисот твој
Ако ме топли прегратката некогашна што го допре бескрајот

А таму, токму таму припаѓаме
Знаев тогаш, знам и сега
А сега е мигот што се испишува и за она што се нарекува идност

Но ако припадноста ни е врежана во бескрајот
Како е можно да се разминавме?
.
#Милина
.
.
#ПозијаЗаТебе

  •  3  0  3 November, 2019
  • ДЕНЕС СУМ МНОГУ ПОВЕЌЕ ОНАА ШТО НЕКОГАШ ЈА ЉУБЕШЕ

Ти велев привидение љубиш
Љубовта само ти значи
Како осет, како душевна обвивка

Мене не ме љубиш
Јас сум само привидение
Илузија што ја посакуваш
Лик што во твојот ум постои
А срцето го лаже дека го љуби

Те прашував
Кого љубиш повеќе
Мене или осетот љубовен што те оживува
Мене вистинската 
Или онаа што мислеше дека сум 
А морници ме лазеа 
Под прстите твои што трпки ми подаруваа
За да ми покажат дека постојам
И за тебе секојпат одново нараснував

Морници ме лазеа
Од страв дека непостоење љубиш
Дека таа што ти треба ја нема во мене

Дека сум онаа во која не живее
Ниту нежноста што ја воспеваше
Ниту силата што ја бараше
Ниту гипкоста во движењата на телото што ја прелеваше низ описот твој
Ниту инспирацијата што ја заслужуваше за да се истуриш како душа во бои најразлични
Низ стакленца најнежни на кои душава ми се расекуваше 
Секојпат кога не ќе се препознаев себеси во зборовите твои
Секојпат кога не ќе се видев себеси во искрата од зеницата твоја
Секојпат кога веруваше во мене, а не верував во себе

А денес...
Чинам векови без тебе минаа

Замина
Ме остави мене
А го зеде привидението со себе

И денес 
Сè повеќе наликувам на онаа што мислев дека ја љубиш
Сè повеќе ја препознавам жената што мислев дека не сум

Како да ме пресоздаде
И се гледам сега со очите твои

Како да тогаш не ја видов содржината што ја имав
Како да требаше да заминеш
За да ме оставиш да бидам она
Што тогаш не успеав да го видам

Денес сум сè повеќе онаа што мислеше дека ја љубиш
Денес сум жената што велеше дека е љубовта на животот твој

А не верував
Мислев привидение љубиш
Не знаеш која сум

А ме знаеше уште пред да се запознаам себеси

И со секој ден одминат 
Станувам се повеќе таа
Што само еднаш, толку одамна
Само ти успеа да ја видиш.
.
#Милина
.
.
#ПоезијаЗаДуша

  • РЕЗ

Затворени очи
Длабок рез насреде торзовиот крст

Болиш

Отсуството твое се забива во месото
Секој рез од ножот 
Распорува површина повеќе од розеникавата пудреста покривка врз мојата душа
Стигаш полека и дотаму
Длабоко е
Се шириш низ белината на торзото
И сè поширока е свеста дека си ти низ сечилото

Па тоа станува меко
Како тебе
Станува топло
Како тебе
Нежно како допир од тебе
Слатко како воздухот што излегува од тебе

И го заљубувам тој рез
Тоа сиво студенило во мене
Го бојам со копнеж
Со #милина од себе
Ти се подавам со отворени гради
Чисти, бели
Недопрени, набрекнати
Зажеднети и полни

Но еве 
пак закрвуваат
сивата студена болка стигнува длабоко до нив
И те нема
И те барам
И ми треба твојата сила
Да ме исчисти
Да ме зацели
Да ме обели 
Болиш

Но ја возљубувам болката
Оти и таа од тебе доаѓа.
.
#Милина
.
.
#ПоезијаЗаТебе

  •  2  0  3 November, 2019
  • СТУД

Студено е под кожава,
Навлечи ме во себе, да дишам низ твоите гради,
да ме имаш како да сум дел од твоето постоење,
да се стопам во твоето време, 
во бојата на твојот глас,
во сончевината на душата твоја.

Стопли ги коскиве,
овие белини што ме крепат, 
само подај се,
погледни ме,
ќе станат тврди,
ќе ме држат, ќе бидам тука и секаде каде што си ти,
само допри ме,
ќе заборавам дека сум на белила окрепена,
ќе станам аморфна,
проѕирна,
бои ме како милуваш,
обликувај ме под дланките на душата,
оти оваа маса станува топла,
и обла,
и мека,
и податна,
само за рацете твои

Дојди
Однеси го студот
Донеси топлина
Заживеј ме
Како оганот домот
Како мајка детето
Како пролетта природата
Како сонцето Земјата
Како Космосот Човекот

Само дојди
И стори ме душа
Тебе дадена
Од тебе оживеана
За тебе родена.
.
#Милина
.
.
#Поезија

  •  1  0  31 October, 2019
  • БОДЕЖ

Нож во меко
Ѕвонци илјадници се будат
Рик од утроба крви
Вик се раѓа ми требаш
Тешко излегува солза
Занемено грло чмае
Суви очи
Празни, бледи
Жолта кожа
Секој ден свиснува и венее

Боде празнина 
Празна глетка
Душава трн забоден
Болка со ништо не минува
Се шири како пареа, гори
Црвенило од мака
Од сништа изгорени

Печило, бодеж внатре
Зарем е можно тишината толку да боли
Телото сето да чеднее попусто
Мирот да го нема
Душата да е ветва

Само бодеж што ми вели
Жива си
Но не се надевај
Можеби никогаш повеќе
Не ќе го допреш.
.
#Милина
.
.
#ПоезијаЗаДуша
  • БОДЕЖ

    Нож во меко
    Ѕвонци илјадници се будат
    Рик од утроба крви
    Вик се раѓа ми требаш
    Тешко излегува солза
    Занемено грло чмае
    Суви очи
    Празни, бледи
    Жолта кожа
    Секој ден свиснува и венее

    Боде празнина
    Празна глетка
    Душава трн забоден
    Болка со ништо не минува
    Се шири како пареа, гори
    Црвенило од мака
    Од сништа изгорени

    Печило, бодеж внатре
    Зарем е можно тишината толку да боли
    Телото сето да чеднее попусто
    Мирот да го нема
    Душата да е ветва

    Само бодеж што ми вели
    Жива си
    Но не се надевај
    Можеби никогаш повеќе
    Не ќе го допреш.
    .
    #Милина
    .
    .
    #ПоезијаЗаДуша

  •  1  0  31 October, 2019
  • НЕ ПОМИНУВАШ

Тука си, секогаш зборувам со тебе
И ти раскажувам за небеските висови како ја галат земјата

Како копнежот во мене 
да ме галиш, 
да ме покриеш, 
да ме обвиеш
како небото - земјата

Ме продираш со погледот
Низ зракот сончев во мигов што поминува низ зениците мои
Секоја временска шир е твоја
Секоја небесна шир е моја
Секое делче од мене е твое
Како да постојам низ тебе и твоето време

Отчукуваш како импулс жеден, моќен,
Отчукуваш за крвта што од срцево извира,
За сок од телата, исцеден низ душата, собран во нежност и допири

Отчукуваш како немирна стрелка,
Што се врти во кругот наречен живот,
Овој живот што отчукува низ моето време

Тука си секогаш, 
нема времето сила, ниту значење,
Не поминуваш
иако тоа отчукува

Отчукуваш со секој ритам на срцето
Отчукуваш на полноќ за да ми најавиш дека ниту еден нареден ден нема да ме оставиш без твојата топла кожа

Отчукуваш во оваа душа 
што ширта нејзина ја растегнуваш
Како небесните висини
Над кои се надвивам, 
Сега, овде.

Тука си, не поминуваш.

И ти зборувам.
Ниту еден миг не те оставам.
Ти зборувам,
Ми недостигаш.

Не поминуваш.
.
#Милина
.
.
#Поезија и #Љубов

  •  2  0  31 October, 2019
  • Так-с. А теперь, давайте немного расслабимся и окунёмся в инстаобраз.) На первой фотке я такая вся сурьезная, а на второй вы видите классическую и радостную Лейлу, которая понимает, что день прошёл не зря.))) Я так обожаю МК! Я не знаю, ну просто обожаю и всё тут! Это весьма странно, но всё-таки... В этот раз получился лишь легкий косплейчик, #casual , наверное... Я надеюсь, что в будущем, точнее, в ближайшее время, у меня появится костюм Милины, и я смогу полноценно ее закосплеить. Да, до #ларалогвиненко мне ещё далеко, но для себя мне кажется, что норм. Вообще, считаю, что образ Милины, который воссоздала Лара - это самый лучший косплей, который я видела!!! Это я так, к слову. В-общем, мне понравился этот Хэллоуин, несмотря на то, что в академии лишь я была в гриме... #милина #mileena #mortalkombat #mkx #cosplay #косплей #хэллоуин #halloween #mileenacomebackfromnetherreal  #mileenaethereal #mileenaravenous #mileenapiercing #mileenakahnum #mk11 #oilpaintingartist

  •  31  1  31 October, 2019
  • ОД И ПРЕОД

Чекорам по сивата патека
Тврда и студена,
Та слушам од некаде 'Твоите чекори се песна' 
Ох, песна е гласот твој
Омекнувам
Се вртам
Никој нема
Продолжувам

Чекорам по розеникавата мекост, црвена, жолта, себојна
Та слушам 'Цветот те личи, сакам да те галам'

Обоена со чувства
Се вртам
Никој нема
Продолжувам

Чекорам по зелената патека
Мека, росна, мовеста
Та слушам тука, близу
Слушам шепот 'Сакам да ти ја осетам мекоста на телото под прстите'

Се наежувам
Се вртам
Никој нема
Продолжувам

Чекорам по златестата патека
Ми ги заслепува очите
Во отсјајот само ликот твој 
Лик од одблесок златен
Та усните ти велат 'Само ти можеш да ја осетиш есента, а јас сакам да те отскријам од прекривката есенски лисје'

Гола е душава
Подадена цела
Се вртам
Никој нема
Продолжувам

Чекорам по портокаловиот залез
По патека, онаа твојата, омилената
Та слушам 'Сакам да ја минуваме заедно оваа патека, кон вечноста'

Солзи ми го топат лицето
Се вртам
Никој нема
Продолжувам

Чекорам по крцкавата белина
Толку кревка, нежна и чиста
Како гласот твој 
Та слушам 'Кога ќе те допрат првите снегулки по лицето,
Кога ќе се стопат под топлината на лицето твое,
Сети се,
Те молам, сети се на мене'.

  •  4  0  31 October, 2019
  • ЗОШТО НЕ МИ СЕ ПОЈАВИШ?

Сосем едноставно
Да газам по сувата корава земја
Да те имам во мисливе
Како во секој исконски миг откако те сретнав
Дури ми се чини и пред тоа

Да го слушам чекорот свој
Да те барам со сето постоење свое
Само да те доживеам уште еднаш
И повторно да се вкорениш во мене
Како да корените твои се искоренувале
Се хранат од мислите само тебе наменети
Пијат од лимфата по која течеш
Течноста што те препозна кога за првпат само се појави

Па да те здогледам
Така одененадеж 
А толку очекуван

Да ми се изгуби тлото
Воздухот
Јас да се избришам
Да не го издржам погледот твој
Да клекнам наземи
Да не изустам збор
Да барам воздух

А ти
Да ме обземеш 
Со само еден здив
Да не ми го подадеш гласот твој
А да ме поземеш за дланката
И да ме одведеш

По патеката покрај шините
По портокаловата мекост од левата ни страна
Додека сончевината на заминување остава трага во срцата што бијат и не престануваат 
Сè посилно, чиниш не се наши

Та газејќи така 
Да ни се спојат мислите
Да ни се испреплетат прстите
Да ни ги допираат страничниците од телата
Да не умееме да се сопреме пред возбудата што нè гуши
Да наиде возот не знам кој по ред, 
Да мине покрај нашите тела

Да надојде приказната во главите наши
Повторно, онаа што еднаш ми ја шепнеше
Јас седната на подизлитеното седиште
Ти зад мене со рацете врзани околу мекотијата за тебе создадена
Да ми раскажуваш приказни, раскази, романи цели
Да уживам во читањето на редовите 
Телата што ни ги испишуваат
Умот што ни ги наредува
Срцето што ни ги преплавува

Во позадина да го слушаме само татнежот на возот
Рамномерниот ритам на газењето на тешкотијата на железата 
Која песна ни се слуша

Ние или тој, кој чиј ритам следи?
Тој ќе застане еднаш 
Нашево застанувачка нема

Да застане на станица 
Шир пред нас
А ти да ме симнеш на полјана со булки
Обоени со сончевина
Како јас под очите ти топлина полни

Да ми подадеш една булка
Црвена како жуборот на крв додека ме галиш
Да ми речеш дека е толку кревка, а толку силна
Токму како мене

Да ме земеш во себе
И да бидеме она за што отсекогаш знаевме  дека сме створени
Една душа
Една приказна
Еден живот
Еден сон

Да, зошто едноставно не ми се појавиш?

  • ДА ТИ СЕ ВЕТАМ

Ништо не ме спречува да ти се ветам
Еден миг
Под сонцето
И скриената месечина

Дека сум твој,
Засекогаш во душава.

Ќе ти се ветам под ова небо
Пред трескавичната белина на окото твое дека душава моја не може другому да припаѓа

Ветувам дека заветот од душава искрена самиот иде
Надоаѓа
Како ти мене што ми надоаѓаш кога те нема
Па сеприсуството твое ми е живот

Подобро е да заветот да го чуеш
Со мојот глас и сила
Сега, веднаш
Под крсната просторна небесна ширина
Та да се разнесе низ тебе и насекаде

Без тебе живот не е
Ти живот носиш
Ти ме зеде
Та сега вечноста ти ја давам.
.
#Милина
.
.
#Завет #Љубов #Поезија

  •  1  0  30 October, 2019
  • НЕ ЗАМИНУВАШ ОД МЕНЕ

И кога сончевината си ја собира облеката
Онаа што ја носела за денот на себе
Та ми ја остава душата разголена и разгалена
Како кога бев пред тебе

И кога месечината се распостила со нежноста своја блескава
Како некогаш прстите твои на кожава
Та ме остава во вечен неизживеан копнеж
Како ти кога беше до мене

И кога дождот почнува да ме водени
Да ме кваси по сè она што се вика јас
Да ја лиже прекривката од нечистотијата туѓа
И да се повлекува оставајќи го сивилото
Како она сивило што зрак ми се гледа
Кога те слушав како ми зборуваш

И кога студот ме вие како крик од волчица во ушите
Ме пробива до сржта
Онаа што надвор ме научи да ја вадам и во себе да ја видам

И кога ветерот в гради ме бие
Како да сака да знае колку сум јака
Сега без тебе како без себе

И кога сончевината пак се облекува
Во нова руба украс за очите на сите околу мене
Храна за телото на сите околу нас
Извор за животот наш

И тогаш 
И секогаш
Не заминуваш од мене.
.
#Милина
.
.
#Поезија #НеЗаминуваш

  • (НЕ)СЛУЧАЈНОСТ
.
(Не)случајно се појави
со црниот поглед зариен во зениците ми (Не)случајно дојде
Патеката ми ја ороси со ливчиња од мекост
Суштината надвор ми ја извади
Кожата со сончев допир ми ја осветли
Сета лелеава ме стори
Озрачена за цел живот
Плачна и озарена
Оросена со росата од утрата твои
Ранлива од росните солзи недоизлеани
И силна 
И (бес)конечно спремна да се видам себесама

Та да си речам со гласот Твој: "Душата ти ја љубам,
Затоа
Оди, преслечи се од нечистотиите на случајноста
Подај ми се мене, јас сум (не)случаен во мигов вечен,
Дојдов заради тебе и те зарив во себе
Со погледот мој темен
Со зраци што изгреваат само за тебе
Со копнеж да те имам во секое време 
Но не те земам
Не си моја
Ти (не)случајно ќе останеш своја
Ќе стануваш сè повеќе она што си
Ќе го полеваш оној оган што гори во тебе
Пепелта не се разлева од тебе
Оган вечен (о)станува
Јас се разгорувам кога те гледам
Го зацрвенувам и ширам низ тебе
Се разгоруваш и блескаш
Зрачиш и
Сè повеќе ја гледаш суштината на она за што (не)случајно слезе на земјава

Ангел да ми бидеш
Душа да ми успокоиш
Тело да ми покориш

Та (не)случајно да заминеш
Како никогаш да не си дошла
Оти за да дојдеш треба да заминеш

А заминувачка нема
Моја остануваш
Едно (о)стануваме (Само) времето не соединува
Одново и наново

И сосем (не)случајно".
.
#Милина
.
.
#ПоезијаЗаДуша
#Случајност

  •  0  0  30 October, 2019
  • ОГЛЕДАЛО

Мојот лик во огледалото поставено на ѕидот од твоите гради

Моето тесно чело во него
А толку мисли собрани
Неприбрани и длабоки

Мојот нос со нежен пад кон
Усните мали
А со толку зборови неизречени, толку течности неиспиени

Образите подвдлабнати 
Како две дупки за езерца солени полнење
И во нив твојот лик се наѕира

Прекривката загнездена на главата
Густа речиси колку твојата
Слична, а толку различна
Како лен волна теракотна
А чинам свила станува кога се лизга низ рацете твои

Вратот како столб бел
Наѕиздан порички плитки
Испакнуваат при само еден поглед твој
Се вдлавниваат при само еден допир твој
И исчезнуваат под дланките твои

Рамената спремни за товар носење
Не еден животен како дар спакуван
Туку секаков, со преплетена машна од мислите тешки твои спакуван, а олабавуваат при стисокот од рацете твои

Рацете како пружени белини
Се чинат полни, полетни, вешти
А без тебе толку празни

Градите како чаши од памук
Да ги испиеш не можеш пред љубов да им истуриш 
Утробата мека
Во центарот нејзин си се свил
Како да сме на светов заедно дојдени
Како да храна оттука пиеш
Како да сета топлина оттука ја земаш
Како да се смалуваш и стануваш дете мое
Иако ти ме нарекуваше дете твое

И подолу рој пупки, цветови розови
Толку глатки под повикот тивок твој
До песочен часовник, широк и голем
Како да сето време сака да го пропушти без да се сврти нагоре
Како да се плаши дека ќе мине нашето време
Како да ја повикува вечноста - онаа што толку ја посакувавме

А сега ја живеам низ зеницата моја
На моето огледало на белиот ѕид.
.
#Милина
.
.
#ПоезијаЗаДуша #Огледало

  • ИЛУЗИЈА

Станувам

Ги отворам очите
Се обидувам да го отворам срцето
Се движам оловно кон изворот течен
Тече тој низ прстите, низ рацете, низ очите
Ме мие од сите болки минати
За миг ме остава чиста, мазна
Полека памукот го чувствувам по мене
Сува, нежна и уште постежната
Станувам

Зад мене куп тежини
Пред мене куп мигови
Мои, нечии, наши
Протекуваш низ пукнатините на душава
Мазно, тивко, зажеднето
Се провираш низ порите на денот
Навлегуваш во секое проклетство
Наречено Време
И не се бришеш со ништо
Не се делиш од сето она што се нарекува Јас

И така
Станата
Те чувствувам
Протнат низ мене, мирен и спремен 
Сонцето да го милуваме заедно
Да го бидеме денот 
Да го потрошиме она проклето време
Кое еднаш ми те зеде
И ја остави илузијата 
Дека уште си тука.
.
#Милина
.
.
#Поезија #Илузија

  • ПОД КРОШНАТА НА ЗАЛЕЗ

Да те земам
Да те имам
Во себе 
Како да не сум постоел пред тебе

Ти си таа што ме осозна
Те осодржав тебе во мене
Само ти ми даваш содржина
Само ти ми изгреваш во душава
Само ти ми заоѓаш во мислите

А сега те имам под оваа крошна зелена
Покрај оваа ограда в земја вронета
Како корењето мои таму да сраснале
На оваа ширина шарена
Со цут обоена
На овој залез портокал сочен
Со очи твои сонце зенит
Со душа плантажи памук
Со срце широј небесни
Со раце гранки тегави
Со стапала боси, розови
Со коси прашина теракотна сторена
И цвет в теракота кладен

И те земам во рацеве
Се сплотувам
Те стискам силно кон мене
Стравот од заминување така го згмечувам
Оти знам дека тој ме прогонува
Сега
Секогаш 
Вечно и засекогаш
Онака како што ми припаѓаш

Те земам 
Те поросувам со сок од рози бели
Те држам цврсто сокта да ти ја испијам
Та одново низ тебе да се родам

А и тогаш
Завет ти давам
Тоа ќе е само за тебе.
.
#Милина
.
.
#ПоезијаЗаДуша #НаЗалез
  • ПОД КРОШНАТА НА ЗАЛЕЗ

    Да те земам
    Да те имам
    Во себе
    Како да не сум постоел пред тебе

    Ти си таа што ме осозна
    Те осодржав тебе во мене
    Само ти ми даваш содржина
    Само ти ми изгреваш во душава
    Само ти ми заоѓаш во мислите

    А сега те имам под оваа крошна зелена
    Покрај оваа ограда в земја вронета
    Како корењето мои таму да сраснале
    На оваа ширина шарена
    Со цут обоена
    На овој залез портокал сочен
    Со очи твои сонце зенит
    Со душа плантажи памук
    Со срце широј небесни
    Со раце гранки тегави
    Со стапала боси, розови
    Со коси прашина теракотна сторена
    И цвет в теракота кладен

    И те земам во рацеве
    Се сплотувам
    Те стискам силно кон мене
    Стравот од заминување така го згмечувам
    Оти знам дека тој ме прогонува
    Сега
    Секогаш
    Вечно и засекогаш
    Онака како што ми припаѓаш

    Те земам
    Те поросувам со сок од рози бели
    Те држам цврсто сокта да ти ја испијам
    Та одново низ тебе да се родам

    А и тогаш
    Завет ти давам
    Тоа ќе е само за тебе.
    .
    #Милина
    .
    .
    #ПоезијаЗаДуша #НаЗалез

  •  0  0  30 October, 2019
  • НЕДОСТИГ

Надоаѓаш како бран, 
Како воздух на давеник,
Навлегуваш силно во секоја клетка,
Се движиш полека, забрзано, 
Па те има насекаде, 
Во мене, околу мене,
Си се вгнездил како човекот во природата,
До коскена срж, обземаш, носиш,
Режеш, длабиш.

Дишам низ тебе, излегуваш од овој воздух од утробата во која печеш, грееш.
Сува ми е кожата, а сепак живееш под неа. 
Жубориш низ очиве, 
премрежуваш, 
се губиш низ виделината.

Те немам, се' подалечен стануваш,
Ги пружам рацеве, суви, меки, и те допирам.
Допирот, допирот ми треба.
Да ме покриеш плаштот тебе, со твојот топол здив,  повторно мој и топол, насушен.
Но, те веат далеку, и бранот, и времето. Заминуваш.

Горам од недостиг, како планината, голема, жедна, страдна да зазелени.
Горам како сува уста, напукната, груба, 
а однатре сочна и мека.

Недостигаш. 
Болиш.
Не ти. Недостигот боли. Ама и тој е од тебе.

Се' што знам за себе доаѓа од тебе.

И тогаш надоаѓаш, како бран, 
Како раѓање на душата.
Те допирам, се подавам и се губам.

Отворам очи.
Суви, те бараат, жеднеат да те видат, кожата да ми рече дека тука си.

И гориш, и пак доаѓаш како бран.

И ме боли.
Ме боли постојано надоаѓање, а на споменот за тебе, 
та од осеката, пустелија во душата што остава,
плимата лесно ја примам во пукнатините на душава. 
Ме пополнуваш.
Кога надоаѓаш, се ширам, те вдишувам, навлегуваш тивко галејќи ги мазните ѕидови на вениве. 
Не издишувам, те држам подолго, уште, и уште... Не зминувај, недостигу. 
Оти ти, само низ него си тука.
.
#Милина
.
.
#ПоезијаЗаДуша #Недостиг

  • ОЛОВНО НАБЉУДЕНИЕ

Седам на балконот
Сам и закопнеан за збор
Не било чиј

Седам и ги набљудувам 
Роевите луѓе итаат врз бетонот врел, а толку студен
Одат како роботи живи
Мислат љубат
А љубов не знаат што е
Ниту чуму им е тој привид

Млада жена со капут сив
Стројна, мазна, бела
Чекори кон крстосницата вревна
Знае ли што и' носи мигот што ќе ја дочека
Знам ли што и донел мигот што ја прелетал
Скромно и стројно го минува зебрестиот под
Се губи
А немам болка
Иако знам дека никогаш повеќе не ќе ми го раскрсти видот

Лаеж од Волчко се слуша
Ја насетувам неговата душа
Трепне и ровари на овој свет
Гладен и вознемирен цел

Се поместувам од немир
Телото непослушно чмае
Чинам олово студено во себе носам
Не стигна да го стопиш
Замина и остави
Сивило зад себе, со блескот пред тебе

Здогледувам и птици две мали
Едната мирна стои
Другата нежност бара
Не ги допирам, им се насладувам
Толку меки, мили, топлокрвни
Толку лесни
Чиниш пердув љубовта е 
А таа олово во мене тежи, мрзне

Те немам, одамна те немам.

Чекорчиња детски, гласни и стрелни
Косички светли, бушави, чисти
Ножиња силни скокаат, итаат
Чиниш илјада птици во телото им се свиле
Та летаат низ времето, низ животот
А не знаат тој каков подарок им чува

Лицата ќе им се менат
Срцата ќе им се стврднат

Оти моето камен олово тежи
Сите детски сништа заминаа
Сите копнежи останаа
Телото недогалено
Очите недогледани
Само мислата олово тешка
И сеприсутна

Те немам
Одамна те немам.
.
#Милина
.
.
#Поезија #Недостиг #СоПосвета

  • ДА ОСТАНЕШ МОЈАТА ЕСЕН

Во есента ја барам топлината твоја
Низ боите, низ гласот твој, низ шушкавоста на лисјето

Сакам
Да ми ја земеш дланката во твојата
Да ми ја стистнеш
Онака нежно, меко, како што ти само умееш
Да го осетам тивкиот стисок твој низ кој ми шепотиш 'моево срце бие за тебе'
Та да ме одведеш на планината што ти се подава пред видикот,
Оној што ми се крие од тебе
Оти ти си видикот мој

И да дојдам по тебе
Да те следам
Да ти верувам
Каде и да ме носиш

Да ми го дадеш сиот раскош на душата твоја 
Богатството од љубов преточена во очите твои
Да ми речеш дека есенските бои се наши оти низ нив - по долг копнеж - душите ни се слејаа

Да земеш лист во другата дланка
Да го погледнеш и полека да поминеш со него по лицето мое
Да го осетам неговото шушкање низ гласот твој 
Да се стопам под погледот злато полн
Да ме снема под обвивката твоја
Оти твоја станувам

Да ме допреш со влажноста на дождот што се најавува
Да го насетиме мирисот негов што се меша со нашиот
Да дишеме длабоко до заболување на ноздрите
Да продира возухот свеж низ градите
Бели од чиста љубов
Блескави од отсјајот на златното есенило

Да не заминеме,
Да ме обвиеш на меката листова постела
Планинска, црвеникава, кадифена и мирисна
Да ми ја повлечеш раката надолу
Кон мајката земја
Кон тлото што нè влече надолу
Кон утробата нејзина
Поради магнетот што се нарекува повеќе од љубов

Та неумоливо и тврдо
Да бидеш мојата покривка
Да се изгубам во жарот нејзин
Да се претопам во оганот од срцето твое
Сила полно
Ритам сончев за мене 
Срцебиење твое песна моја

Да не заминеме 
За да бидеш 
И останеш
Мојата Есен.

#Милина
.
.
#ПоезијаЗаТебе
#Есен

  •  2  0  30 October, 2019
  • ВЛЕВПРЕЛЕВ

Кога се влеваш во мене
сета мисла твоја стигнува до сржта
на она што сум

Кога се влеваш во мене
низ Погледот
стигнуваш до секоја клетка
Ја раствораш
Ја зголемуваш
Ја намножуваш
Ја ресоздаваш
И ме правиш нова
Поширока 
Поинаква а иста
Посилна а понежна
Помоќна а покревка
Секој пат повеќе твоја, и секогаш своја

Го разлеваш делот мој низ тебе
Се прелевевам низ тебе
Низ сите бои
На чувствата
На постоењето
На времето
На нас.

ВлевПрелев
Низ мигот што нè спои
Нè направи честичка една
Бела
Млечна
Мека
Милна
Хранлива за ова парче време во кое се потопуваме за да и' се дадеме на бесконечноста.

Ќе нè слее времето, знам,
Ќе нè слее во некоја месечева мена
Каде нашиот ВлевПрелев се губи
Станува цврсто и само едно
Лебдечко јадро
На две души
Што ја бараат вечноста.
.
#Милина
.
.
#Поезија #СтиховиЗаТебе

  • 2-4 года 90 грн в идеал.сост.рукав 35,ширина 39 Цена 120 грн #милина
  • 2-4 года 90 грн в идеал.сост.рукав 35,ширина 39 Цена 120 грн #милина

  •  2  0  25 October, 2019
  • 5-6 лет в отл.сост.рукав 39,ширина 35,длина 48 Цена 140 грн #милина
  • 5-6 лет в отл.сост.рукав 39,ширина 35,длина 48 Цена 140 грн #милина

  •  1  0  25 October, 2019
  • 12-18 мес в отл.сост.рукав 31,ширина 28,,длина 38 Цена 120 грн #милина
  • 12-18 мес в отл.сост.рукав 31,ширина 28,,длина 38 Цена 120 грн #милина

  •  1  0  25 October, 2019
  • Всем привет)) Я к вам с рецептом 
#рецепты_алекссанди 
Скажу сразу что болгарская милина (банница) готовиться из тонкораскатонного теста или можно упростить и приготовить ее из лаваша👍
Занимает меньше времени и очень вкусно. 
Уложить можно так как показано в видео или как на 2м фото.

Я даже как то укладывала слоями просто не сворачивая.

Еще момент☝️, Её можно приготовить сладкой,с ванилином.Или солёной, с брынзой, зеленью.

Нам понадобится:

Лаваш 3 листа
Для начинки:
Творог 0,500
Яйцо 1 шт
Сахар ~ 60гр (по вкусу)

Для заливки:
Яйцо 2 шт
Сметана 200гр
Сахар 50гр
Кефир или молоко 400гр
Соль 1 щепотка

А так же:
Масло сливочное 80гр
Масло растительное 
Приготовление:

1🥮Для начинки смешать творог,сахар,яйцо.

2🥮Лаваш смазать сливочным маслом, выложить начинку,равномерно распределить. 
Нарезать на кусочки.
Выложить в смазанную растительным маслом форму.

Для заливки :
Сметану смешать с яйцами (2шт) ,сахаром,солью ,добавить кефир.

3🥮Залить лаваш смесью,слегка приподнимите кусочки чтобы они попытались ею равномерно. 
Сверху выложите оставшееся сливочное масло, кусочками маленькими. 
Оставьте на 5-10 мин

4🥮Выпекайте при температуре 200°С 25-30 минут.

Кушать можно в холодном или тёплом виде.

#приятногоаппетита
#милина#банница#лаваш#творог

    #милина #банница #лаваш #творог

  •  14  0  23 October, 2019
  • Когда есть много времени, и хочется чего-то вкусного, болгары могут сильно заморочиться. Утром, теплую, с кисело мляко. Мой выбор!
Când există o mulțime de timp și doriți ceva delicios, bulgarii pot fi foarte harnici. Dimineața, cald, cu iaurt. Selectia mea!
#вкусненько #gustos #милина

  •  25  0  22 October, 2019
  • 9-12 мес в идеал.сост. рукав 26.ширина 32,длина 70. Цена 230 грн #милина
  • 9-12 мес в идеал.сост. рукав 26.ширина 32,длина 70. Цена 230 грн #милина

  •  2  0  11 October, 2019

Top #Милина Posts

  • В болгарских селах южной Бессарабии, которые были основаны переселенцами из Болгарии примерно 200 лет назад, эта выпечка называется милина. В современной Болгарии блюдо известно как "баница".
⠀
Каждый год у всех болгар на Старый Новый Год делается это блюдо и ставят бумажки с желаниями.
 Вся семья собирается и по середине стола ставится милина и хозяин дома крутит милину три раза, и затем нарезает каждому по кусочку😊  раздается  кусочек и смотрят, что из желаний попалось, и эта традиция соблюдается уже много лет и по сей день. ☺️
⠀
▪️Для приготовления этого блюда вам понадобится: - листы тонкого лаваша - 5 штуки (их можно выпечь самостоятельно, а можно купить готовые),
- творог 9% (чем жирнее творог, тем вкуснее -
 4 пачки)
- яйцо куриное - 4 шт,
- сметана - 1 баночка,
- соль по вкусу (примерно 1 ч.л. с горкой),
- масло сливочное - 20 г.
⠀
🖊Приготовление :
Творог выложить в миску, туда же всыпать соль.
Творожную массу хорошо перемешать, перетереть вилкой, она должна быть однородной. В зависимости от качества творога, она будет рассыпаться комочками или, наоборот, эластичная. На вкус это практически не влияет.
Разложить листы лаваша на столе, разделить творожную массу на количество частей, равное количеству листов лаваша. Каждый лаваш покрыть слоем творожной массы, растирая ее ложкой по поверхности лаваша аккуратно, стараясь не порвать листы.
Дальше нужно проявить фантазию... лаваши можно скрутить в рулеты и выложить в форму для запекания улиткой, можно сложить конвертами и положить один на другой в форму (у меня именно так), можно просто смять гармошкой и выложить в форму (творогом вверх).
Теперь нужно приготовить заливку. Яйца разбиваем в миску, добавляем сметану . Хорошо перемешиваем вилкой, слегка взбивая. Этой смесью заливаем милину.
Ставим форму с милиной в разогретую до 180 градусов духовку и готовим около получаса.
.
.
.
#кострова_про_рецептики .
#готовка #готовимдома #готовка #вкусняшка #болгарскаякухня #готовимдомаслюбовью  #милина #готовимсами #рецепт #рецепты #adelechallenge #адельчелендж #крутойтанец #крутойчеллендж

  •  943  41  13 January, 2019